За време на денешниот празничен ден на повеќе места ќе има поизразена нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално тоа ќе биде и во форма на невреме со пообилен пороен дожд и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Нестабилно ќе биде и в петок, особено во западните и јужните делови. Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.