На граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница, за влез и за излез од земјата се чека до 20 минути, информираат надлежните од граничниот премин.
На преминот од македонска страна во функција се ставени сите ленти, а граничните служби се потполно екипирани. Преминувањето на границата се одвива нормално, велат од ГП Богородица.
Најмалку 30 минути се чека на граничниот премин Евзони – Богородица, на грчка страна, за влез во Македонија. На преминот има километарска колона возила кои чекаат да влезат во земјава и да го продолжат патувањето
АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози.