На граничниот премин „Богородица“, за излез од државата се чека од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
ЈП Македонија пат известува дека патниот правец с. Истибања – брана Калиманци е затворен за сообраќај за сите категории на возила со записник. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.
За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница – Бигла – Делчево, а за тешки товарни возила преку Виница – с. Смојмирово – Делчево.
АМСМ највува дека од понеделник, 29 јули, до среда, 31 јули, на Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затворање на патот во времетраење од 9 до 18 часот.