Најмногу снег и најстудено изутринава е во Маврово, каде што снежната покривка е 25 сантиметри и се измерени минус седум степени. Минус пет степени се измерени во Пожаране, -4 во Ѓуриште, -3 во Тетово, Лазарополе, Крива Паланка и Крушево, -2 во Прилеп, Дебар и Берово, -1 во Скопје, Куманово, Битола и Виница, 0 во Штип, Претор, Струмица и Демир Капија, 1 во Охрид, 2 во Гевгелија, 3 во Тополчани и 4 во Дојран.
Изутринава времето е облачно, во западните делови со врнежи од снег, главно со слаб интензитет.
Висината на снежната покривка во 7 часот изнесувала 2 сантиметри во Штип, Демир Капија и Виница, 3 во Струмица, 5 во Крива Паланка, 7 во Прилеп, 8 во Претор, Скопје Петровец и Скопје Зајчев Рид, 10 во Тополчани и Куманово, 11 во Берово, 13 во Тетово и Дебар, 14 во Крушево, 15 во Битола, 16 во Ѓуриште, 20 во Лазарополе и 22 во Пожаране.
Изминатите 24 часа наврнале четири литри воден талог на метар квадратен во Штип, 6 во Охрид и Виница, 7 во Прилеп, 8 во Крива Паланка и Ѓуриште, 9 во Лазарополе, 11 во Скопје Зајчев Рид и Тополчани, 12 во Берово, 13 во Тетово и Дебар, 14 во Скопје Петровец, Крушево и Демир Капија, 15 во Струмица, 16 во Маврово, 17 во Пожаране и Битола, 18 во Претор и 22 во Гевгелија.
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег. Повеќе врнежи ќе има во попладневните и вечерните часови и тогаш повторно речиси насекаде ќе бидат од снег, освен на југоистокот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе достигне од 2 до 9 степени. Во Скопје облачно, попладне со врнежи од снег. Температурата ќе достигне 3 степени.
За време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во претпладневните часови. Наутро на повеќето места температурите ќе бидат за 2 до 3 степени под нулата. Во сабота во западните делови ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Постепено затоплување со врнежи главно од дожд ќе има од недела попладне.