Граѓаните од десетте општини од југоистокот на државата и општините Берово и Пехчево лани поднеле најмногу претставки кај Народниот правобранител во Подрачната канцеларија во Струмица од областа на правосудството.
Преку 1.000 граѓани минатата година ја посетиле канцеларијата на заменикот народен правобранител и побарале правен совет поради повреда на некое нивно право, а 160 поднеле претставки.
– Претставките се поднесени против одолговлекување на постапката пред управниот суд, пред извршители, нотари и пред другите редовни судови во Република Македонија. Понатаму на второ место е бројот на поднесени претставки за потрошувачки права, финансии и царина, социјална сигурност и имотно правни односи. За имотно-правните односи се однесуваат на постапките за одземање на корисничкото право од страна на агенцијата за катастар на недвижности, информира Славчо Тимов, заменик народен правобранител.
Додава дека окоу 95 проценти од поднесените претставки се успешно решени во корист на граѓаните, а по останатите постапката се уште тече.
Најмногу претставки се поднесени од граѓани од Струмица, потоа од Гевгелија, а по нив се од Радовиш, Берово и Пехчево.