Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека до крајот на годинава ќе биде донесен Законот за попис, за пребројувањето на населението да може да се спроведе во април в година, пред локалните избори, пренесуваат повеќе медиуми. Предвидено е законот да претрпи мали измени во однос на претходното решение кое беше во собраниска процедура пред изборите.
Последниот обид за спроведување на попис во Македнија се случи во 2011 година, но процедурата беше запрена со образложение за ненадминливите разлики во толкувањето на методологијата. Во 2018 година СЈО отвори истрага за пописот, во која осомничени беа тогашните коалициски партнери Али Ахмети и Никола Груевски.
Македонија и БиХ се двете европски држави кои се уште немаат утврдено датутмот за спроведување на пописот, додека се подготвува редовен декаден циклус на попис на населението во Европа, за следната година.