Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денес во седиштето на НАТО во Брисел, учествуваше на заседанието на Воениот Комитет на НАТО, на сесијата поврзана со учествувото во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, во формат на началници на генералштабови на НАТО и партнерските нации.
Генералот Ѓурчиновски во своето прво обраќање на ова заседание по неговото
поставување за началник на ГШ на АРМ, искажа благодарност за првата посета на Воениот Комитет на Република Македонија која се реализира во ноември минатата година. Тој го истакна и придонесот на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“, кој се огледа не само во македонското учество од самиот почеток, туку и со оствареното зголемување на македонскиот персонал во мисиите за 20 проценти.
Пред учесниците на сесијата, од страна на военото и цивилно раководство на мисијата се презентирани најновите стратегиски и оперативни информации поврзани со безбедносната ситуација во Авганистан. Преку дискусии на презентираните планови од началниците на генералштабови, дадени се насоки и препораки за понатамошно учество и дејствување во мисијата „Одлучна поддршка“ кои ќе бидат разгледани на состанок во формат на министри за одбрана.
НГШ на АРМ во текот на денешниот ден оствари средби и размени мислења со началници од армиите членки на НАТО и партнерските нации, меѓу кои и со началниците на ГШ на армиите на земјите членки на НАТО, на кои стана збор за меѓусебната соработка.
За време на посетата на Брисел, генералот Ѓурчиновски, во следните два дена ќе оствари издвоени средби со заменик на претседавачот на Воениот Комитет на НАТО, генерал потполковник Стивен Шепро, како и со претседавачот на Воениот Комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грацијано, на кои средби ќе се разговара за прашања поврзани со тековните процеси на трансформација и нашиот придонес во колективната безбедност изразена преку операциите на НАТО и ЕУ.
Придонесот во мировната мисија за обука, советување и асистенција „Одлучна поддршка“ во Авганистан, Армијата на Македонија го започна од самиот почеток на мисијата во јануари 2015 година и во овој момент учествува со 50 припадници на АРМ кои извршуваат задачи во неколку команди. Досегашното учество во оваа мисија од АРМ придонесе не само за постапките.