Во рамките на НАТО Караванот денеска во Скопје ќе се одржи еден од двата финални настани како дел од активностите на Инфо-центарот за евроатлантски интеграции.
Ќе се дебатира за придобивките и предизвиците од членството во НАТО со студентите од Универзитет ФОН на тема „Безбедна младина, посигурна иднина“ со почеток во 10 часот на ФОН Универзитет – Скопје.
Говорници на дебатата ќе бидат претседателот Стево Пендаровски и Рејчел Галовеј, амбасадоката на Велика Британија во земјава.
Целта на настанот е да се поттикне дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО. Идеата е настанот да им понуди можност на студентите да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции, придобивките од членството во НАТО, улогата која НАТО ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.