Наскоро ќе почне вградувањето на микрочипови кај домашните миленичиња (кучиња и мачки), информира директорот на Агенцијата захрана и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.
– Постапката со набавката на микрочипови е веќе завршена и тие се во магацините на Агенцијата за храна и ветеринарство. Во моментов се склучуваат договорите со ветеринарните друштва што треба да ги аплицираат микрочиповите по што ќе следи нивното распоредување кај сопствениците на домашни миленичиња – рече Атанасов во одговор на прашање на денешната прес-конференција.
Вградувањето на микрочипови кај домашните миленици се спроведува за да се откријата сопствениците на домашниот миленик доколку тој биде напуштен и заловен од шинтерските служби.