Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ одржаа редовен координативен состанок со граѓанските организации и со претставници на инспекторатите.
На состанокот се дискутираше за активностите поврзани со работењето на Министерството за труд и социјална политика и спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и компаниите како и за можностите за користење на државна помош.
На состанокот беше нагласено дека институциите на системот непречено функционираат со цел да се обезбеди баланс во заштитата на работниците и поддршката на работодавачите. Граѓанските организации беа охрабрени да ги пријавуваат сознанијата за кршење на работничките права и непочитување на мерките.