Неодговорното однесување на претходното раководство, погрешните политики и ад хок покачувања на пензии, надвор од законската рамка за 10 години направи дупка од околу 15 милијарди денари во Фондот за ПИОМ, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика(МТСП).
– Со пензиската реформа на актуелната Влада која стартуваше од почетокот на јануари, обезбедуваме стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, без при тоа да се замрзнуваат и да се зголемува старосната граница за пензионирање. Со Закон воведуваме редовно усогласување на пензиите. Пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината и тоа 100% со порастот на трошоците на живот, наместо 50% како што беше претходно. Воведена е и законска одредба со која што ќе има дополнително усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4% – велат од МТСП.