Апел за национално единство и искрен и молитвен повик до сите политички субјекти во земјата денеска упатија членовите на Архиепископскиот црковно-народен собор од струшко Калишта.
– Треба да се заземе одговорен пристап во овој исклучително комплексен и полн со предизвици период за нашата Татковина, со препорака да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовен идентитет на македонскиот народ и сè што е македонско – се вели во заклучоците од резолуцијата од заседанието на соборот.
Покрај тоа, соборот го поддржал ставот на САС на МПЦ од 26 декември 2017 година за неменување на името на нашата држава, да не се менува Уставната позиција на македонскиот јазик, да се сочува унитарниот карактер на РМ и да не се отстапува од македонскиот национален идентитет.