Русија ќе преземе соодветни чекори за протерувањето на рускиот дипломат од Северна Македонија. Ова се наведува во пораката на руското Министерство за надворешни работи, пренесе ТАСС.
– Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности, кои не можат, а да не влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија. Ќе следат мерки на одговор – се вели во пораката.
Претходно, македонските власти соопштија за протерувањето на рускиот дипломат од земјата.