Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило реакција до Европската фудбалска унија (УЕФА) откако на нивниот официјален сајт, покрај името на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), до претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски стои дека по националност се Северномакедонци.
Од МНР велат дека постојано водат сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните.
– Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле кој било од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации – велат од Министерството за надворешни работи.