Министерството за надворешни работи ја известува јавноста, дека согласно одлуката на Владата за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид-центар во болницата во Тетово, во сите амбасади и мисии во странство ги спушти знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост.
Во исто време, информираме дека сите закажани настани, приеми и промоции во рамките на нашите амбасади и мисии во деновите на жалост се откажани.