Разочараните млади лекари специјализанти ја разгледуваат можноста да заминат да работат во Косово поради подобрените услови за работа која ги нуди соседната земја.
Младите специјализанти се разочарани од ветувањата и условите во кои работат, без притоа да бидат платени, како и без да бидат здравствено и пензиски осигурани.
Нивната последна надеж е ветувањето на министерот Венко Филипче, кој вети зголемување на платите за медицинскиот персонал. Според ветувањата на владата, платите на лекарите треба до крајот на 2020 година да достигнат 100.000 денари.