Фото: МИА

Започна мирниот собир пред Собрание, кој неофицијално беше најавуван преку социјалните мрежи, во чест на загинатиот Никола Саздовски, кој на 29 јуни беше брутално претепан од тројца насилници, а вчера им подлегна на повредите.

Револтираните граѓани повикуваат сите навивачки групи да се обединат и да застанат сложно во одбрана на нашата татковина и од секојдневните напади кон сите нас и кон нашата земја.

Собирот се одржува без пароли, без извици, во чест на предвреме починатиот Саздовски.  Меѓу присутните на собирот е и Солза Грчева, лидерка на партијата „Глас
за Македонија“.

На групата млади луѓе им се приклучија и неколку случајни минувачи, како и граѓаните што со денови ја блокираат улицата пред Собранието во знак на протест против промената на името.