Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.
Како што информираат од ресорното министерство, на средбата се разговарало за предизвиците во време на Ковид-19 пандемијата и тешките услови за економијата кои таа ги предизвикува.
– Кризата со пандемијата беше неочекувана за сите нас, таа предизвика здравствена криза и криза на економиите во целиот свет и сега е најважно да се заложиме за сочувување на секое работно место и да помогнеме на сите граѓани, особено на оние најранливите кои се во социјален ризик. Заедно со мојот тим секојдневно дискутираме околу можностите колку што е можно повеќе да обезбедиме пристојни услови за живот и за децата кои потекнуваат од семејства од социјален ризик – посочила Шахпаска.
На крајот од средбата министерката и амбасадорот Баздникин посакале здравје за граѓаните на двете држави и изразиле отвореност за соработка и надеж дека таа ќе придонесе што повеќе во интерес на сите.