Адвокатот на Никола Груевски за дел од предметите во кој тој е обвинет, Еленко Миланов во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека Груевски му се јавил откако објави дека е во Унгарија и потоа уште еднаш комуницирале по СМС пораки. Миланов рече дека бројот од кој Груевски го контактира е странски број.
Груевски го прашал дали Судот имал право да му одреди притвор, иако имунитетот не му е одземен.
-Ви гарантирам дека МВР го има бројот од кој Груевски ми се јави. Верувам дека МВР ги има сите контакти од мојот телефон. А, и верувам дека нашите служби можат да го обезбедат бројот по други канали, рече Миланов.