- Да се прекинат воспитно-образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високообразовни установи и во јавните научни институти во наредните 14 дена.
- За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од страна на работодавецот.
- Да се прекине посетата на сите воншколски или дополнителни активности и програми, како што се курсеви за странски јазици, спортски тренинзи и слично.
- Да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации на територијата на државата, со над 1.000 учесници, во наредните 14 дена. Владата препорачува неодржување на јавни настани на кои се очекува присуство до 1.000 учесници.
- Да се забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на државата во наредните 30 дена.
- Да се воведе задолжителна самоизолација на сите лица што доаѓаат од високо и средноризичните држави, во период од 14 дена (во согласност со листата на Светската здравствена организација).
- Да се забрани извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од Македонија, освен со посебна дозвола што ја издава Министерство за здравство.
- Да им се препорача на возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.
- lДа се препорача избегнување на патување во земји што се од висок и среден ризик, во согласност со листата од Светската здравствена организација.
- lДржавната изборна комисија да ги ослободи од понатамошно учество во изборниот процес вработените од јавните здравствени установи и да бидат заменети со други лица.
- Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети во согласност со членот 205 и 206 од Кривичниот законик.
- Да се воведе здравствена локатор-карта за сите летови и сите авиокомпании, односно образец што ќе го пополнуваат патниците со податоци за полесно контактирање доколку за тоа се укаже потреба.
- Да се забрани организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високоризичните земји, како и од тие земји кон Македонија.
- Да се зајакне присуството на волонтерите од Црвениот крст во соработка со Министерството за здравство, на сите гранични премини.
- Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство, кои се однесуваат на засилени хигиенски мерки.
Да се упатат заклучок и препорака од страна на Владата до сите органи на државната управа и до единиците на локалната самоуправа за привремен прекин од работни обврски (неодење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хроничните болни лица. - Забрана за користење од секаков тип на пливачките базени за период од 14 дена.
- Сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства.
- Владата им препорачува на сите владини и државни институции, како и на јавните претпријатија да ги откажат сите патувања или да ги организираат предвидените состаноци преку интернет-комуникацијата.
- Се задолжуваат сите владини и државни институции, како и јавните претпријатија да воведат мерки за заштита и за дезинфекција во сите државни институции на влезовите во институциите. Оваа мерка Владата им ја препорачува и на компаниите од реалниот сектор.
- Записникот од седницата на Владата содржи уште неколку точки со кои се задолжуваат државните институции на меѓусебна координација на активностите, потоа достава до мерките до средствата за јавно информирање како и до вработените, препорака до сите правни лица и органи да ги откажат сите настани, патувања, обуки, семинари, конференции и друг тип средби за време на овој период.