Амбасадата на Македонија во Токио остварила директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Дајмонд принцес”, во Јокохама, Јапонија, информира Министерството за надворешни работи.
– Станува збор за двајца мажи и една жена, членови на екипажот и се наоѓаат во добра здравствена состојба – се вели во кусото соопштение на МНР.
Крузерот е во карантин од почетокот на месецов, откако кај еден патник бил дијагностициран коронавирусот. Бројот на заразени на бродот постојано се зголемува и засега се потврдени 130 случаи.