Анкета на ЕУ
Агенцијата за заштита на животната средина на Европската Унија наведува дека загадувањето на животната средина доведува до стотици илјади смртни случаи секоја година.
Еден од осум смртни случаи во Европа има врска со загадувањето на животната средина, а состојбата е најтешка на Балканот, се вели во новиот извештај на Агенцијата за заштита на животната средина на Европската Унија.
Земјите со најголем процент на смртни случаи како резултат на загадувањето се Албанија, Босна и Херцеговина, Романија, Црна Гора, Македонија и Србија, се вели во извештајот.
Загадувањето на воздухот, бучавата, лошиот квалитет на водата и изложеноста на хемикалии се причина за 13 проценти од сите смртни случаи.
Процентот на смртни случаи поврзани со загадувањето се движи од 9% во Норвешка и Исланд, до 23% во Албанија и 27% во Босна и Херцеговина.
Кога станува збор за земјите од Европската Унија, најлоша е состојбата во Романија, каде што 19% од смртните случаи се поврзани со загадувањето.
Меѓу погодените земји се и Црна Гора, Македонија и Србија, се вели во извештајот.
Сиромашните заедници главно се борат со тројно оптоварување – сиромаштија, слаб квалитет на животната средина и лошо здравје“, стои во извештајот.
Вирџиниус Синкевичиус, комесар на ЕУ за заштита на животната средина, вели дека постои јасна врска помеѓу состојбата на животната средина и здравјето на луѓето.
„Секој мора да разбере дека грижејќи се за нашата планета, ние не само што го спасуваме екосистемот, туку и човечки животи“, додаде тој.
Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека милиони луѓе годишно умираат како резултат на загадувањето на воздухот.
Тие исто така посочуваат дека загадувањето на воздухот е одговорно за една третина од смртните случаи од мозочен удар, рак на белите дробови и срцеви заболувања.