Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија и мир (ИЕП).
Тоа значи дека зад Македонија се Србија (44. место), Албанија (48. место), Црна Гора (51. место), Босна и Херцеговина (72. место) и Косово ( 80. место).
На прво место во светот е Исланд, а на последното 163-то се наоѓа Авганистан.