Наши известувачи од Лондон
Јасминка Павловска
Маја Јаневска-Илиева
Сѐ е во знакот на НАТО во прес-центарот во хотелот „Грув“ во Ватфорд, каде што повеќе од две илјади новинари, меѓу кои и тимот на „Нова Македонија“, го следат самитот на Алијансата.
Впечатлив е фото-мозаикот составен од 30 парчиња, наречен „Лицата на НАТО“. На 29-те слики кои го сочинуваат мозакиот претставени се лицата на војници од земјите-членки на НАТО. Се очекува ликот на македонскиот војник наскоро да добие свое место во мозаикот, кога ќе се најде на 30-от дел по приемот на Македонија.
Во близина, пак, се наоѓа фотографија од првиот самот на НАТО од 1949 година.