Фото: Архива/„Нова Македонија“

Лидерската средба организорана од Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска во 17 часот, е првата средба во овој формат од независноста на државава. Досега не се случила лидерска средба организирана од Претседател без учество на меѓународен фактор.

Фокусот на оваа средба ќе биде недонесувањето на датум за почеток на преговори со ЕУ и организирање на предвремени парламентарни избори. Претседателот Пендаровски рече дека добил позитивни одговори од лидерите за учество на средбата.

Премиерот Заев истакна дека ЕУ направила историска грешка што на земјава не ѝ даде датум за преговори. Тој повика на брзи предвремени избори, за да, како што рече, граѓаните одлучат по кој пат ќе продолжи државата да оди.

Вообичаено иницијатор на лидерските средби е меѓународниот фактор, некогаш од Европската унија, преставници на Стејт Департментот или локални претставници на Амбасадата на САД во Скопје, европратеници итн.