Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.
Летното сметање ќе заврши на 25 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.
Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на ЕУ ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.
Владите што планираат трајно да останат во летно сметање на времето треба да ги наместат своите часовници во последната недела во март 2021 година, а оние што го претпочитаат зимското сметање на времето треба да го наместат часовникот на последната недела од октомври 2021 година.