Претседавачот на ОБСЕ и Министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак, денеска и утре е во посета на земјава.

Лајчак ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, заменик премиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседавачот на ОБСЕ ќе се сретне со претставници на граѓанскиот сектор од  Македонија и ќе го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, каде што ќе има прилика да разговара со децата кои учествуваа во проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, „Градиме мостови“.

Тој ќе има заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Димитров, на 19 јуни во 10.30 часот во Министерството за надворешни работи на Македонија.