Во просториите на хотелот Арабела, огранокот на Исламски младински форум огранок од Кичево, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и ОО на Црвениот крст во Кичево , по вторпат годинава, организира акција во која беа собрани 16 единици на крв од сите крвни групи.
– Иако е сезона на годишни одмори, сепак при денешната крводарителна акција што ја организиравме во хотелот Арабела во Кичево, собравме 16 единици на крв а како доброволни крводарители беа членови на Исламски младински форум огранок од Кичево.Секако одзивот ќе беше и многу поголем доколку акцијата се спроведеше нешто подоцна.Сепак и овие единици на крв се добредојдени, бидејќи дел од болниците во земјава чувствуваат недостаток од одредени крвни групи и се надеваме дека и денешната количина ќе биде од голема полза – истакна Д-р Валбона Незири од Институтот за трансфузиона медицина од Кичево.
Инаку во претходната крводарителна акција организирана од Исламскиот форум на млади беа собрани 33 единици на крв а, истата се спроведе на 1 февруари годинава.