Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечер од 20.30 часот на плоштадот „Карпошово востание“ ќе одржи вокално-инструментален концерт во рамки на фестивалот „Скопско лето“.
На филмската програма Кафе-кино, пак, од 21 часот во Сули ан ќе биде прикажана фантастичната мистерија „Телма“ на режисерот Јоаким Трир. Филмот е снимен минатата година и е копродукција меѓу Норвешка, Франција, Данска и Шведска.
До крајот на десетдневната програма Кафе-кино ќе има уште две проекции – утревечер е американско-јапонската романтична комедија „Париз може да почека“ на Елеонор Копола, а програмата в сабота ќе заврши со комедијата „Тивок замок“ по сценарио и режија на Бруно Димон.