Пет лица возеле под дејство на алкохол во изминативе три дена во Кичево, каде што се извршени вкупно 82 акциски контроли, односно врз 28 лица е извршен алкотест.
Алкохолизираните возачи веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. На подрачјето на Кичево беше извршена и посебна контрола на возила кои вршат јавен превоз, при што беа контролирани 34 автобуси, кои беа упатени во станиците за технички преглед. Кај пет автобуси констатирани се одредени технички неисправности, додека еден автобус веднаш е исклучен од сообраќај.
По овие, но и по други оддредби од Законот за безбедност на патиштата, полициските службеници издале вкупно 24 мандатни платни налози и 14 барања за воведување прекршочна постапка.
Од СВР Охрид истакнуваат, дека акциските контроли беа спроведени со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и, истите континуирано ќе се реализираат на целото поддрачје на СВР Охрид. З.А.