Заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Претходно кандидатура поднесе и поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски.
Ковачевски во изјава за медиумите пред седиштето на СДСМ, рече дека цел му е да се врати единството во партијата и во општеството. Со кандидатурата е поднесена и неговата програма насловена „Заедно, одговорно и посветено“.
Програмата ја базирал на три столба: социјал-демократска визија, јасни социјал-демократски вредности од кои извираат вредностите на работењето, потоа економски раст, и трето фер шанса и јасен систем со одговорности во кој најдобрите ќе добијат шанса за унапредување на системот.
-СДСМ поминува низ еден предизвик. Секој член на партијата е значаен, секој треба да го каже својот глас кој ќе биде слушнат, и ќе се увери секој дена партијата работи во насока на унапредување и на партиската демократија и организација и на животното стандард и на општеството воопшто – рече Ковачевски.
Ковачевски го придржуваше премиерот и лидер во оставка на СДСМ Зоран Заев на средбите со претседателот на Алтернатива Африм Гаши. Ковачевски посакува Алтернатива да донесе одлука за влез во влада, со што ќе има стабилно парламентарно мнозинство кое, како што вели, треба да се соочи со проблемите што ги има земјата, како пандемијата, европската енергетската криза и предизвиците со одржување на животниот стандард на граѓаните.
Заев инсистира на тоа новиот шеф на партијата да биде и мандатар за состав на владата.
Вонредниот конгрес на СДСМ на кој треба да се избере нов лидер ќе се одржи на 12.