Управата за јавни приходи информира дека утре сите даночни канцеларии (регионални дирекции, даночни одделенија и даночни шалтери) ќе бидат отворени за граѓаните за да можат да се регистрираат во Системот на Е-ПДД.
Работното време на даночните канцеларии ќе биде од 8,30 до 14 часот.
Покрај овие мерки Управата за јавни приходи презема и други мерки со цел да им се олесни регистрацијата на граѓаните.