„One-stop-shop“ покрај со Србија Македонија ќе водведе и со Албанија. Одлуката за воведување на заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и на Република Албанија на патниот граничен премин Ќафасан – Кафтане беше прифатена на денешната седница на Владата.
Владата го задолжи Министерство за финансии преку Царинската управа во рок од 15 дена преку Министерството за надворешни работи на Република Македонија да го информира Министерството за надворешни работи на Република Албанија за согласноста од потребата за склучување на Спогодба и за потребата од формирање на делегација за започнување на постапка за водење преговори за склучување на Спогодбата за воведување на заеднички гранични контроли на патниот граничен премин Ќафасан – Кафтане.