Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната од 21 до 30 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје променливо облачно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Од понеделник следува период на претежно стабилно време. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика пад на дневната температура, која ќе биде под просекот за овој период од годината. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.