Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски

Како дел од проектот „Грижа за здравјето на Ромите“, во НУУБ „Свети
Климент Охридски“, се одржа партнерски состанок со присуство на стратешките
партнери од Германија, Унгарија, Романија, Бугарија и Грција и претставниците на
Здружението за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“ од Битола.
На настанот присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњаноски,
кој поздравувајќи ги гостите, ја потврди понатамошната поддршка за
имплементација на проектните активности од страна на општината, која исто така
е партнер во проектот.

– Во мое лично име и во име на општината ви посакувам топло добредојде
во нашата Битола. Најпрво би сакал да ги поздравам колегите претставници од
општините од Халандри, Бузау и Меликут. Потоа би сакал да го поздравам
координаторот на проектот г-дин Роналд Шункнехт, невладините организации од
Бугарија, Грција, Унгарија, Романија како и нашите партнери, домаќини „Сумнал“
од Битола. Мило ми е што општината има можност да биде дел од стратешкото
партнерство „Грижа за здравјето на ромите 2“ финансирано од Европската
комисија преку Еразмус + програмата. Како нов градоначалник на општина Битола
потврдувам дека ќе продолжиме со имплементацијата на проектните активности,
со цел да се промовира здравствената писменост меѓу Ромите преку тренирани
здравствени медијатори и да се воспостави Центарот за здравствено образование
во заедницата. Се надевам на успешна понатамошна соработка и успех во
имплементацијата на проектот. Општина Битола останува отворена за комуникација и соработка за сите тековни и идни активности и проекти, – рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање до присутните.

Со реализацијата на проектот, се спроведуваат конкретни активности, кои
значително ќе влијаат на подобрувањето на здравјето на ромското население.

М.М.