По официјалната церемонија во претседателската Вила Водно, каде беше пречекан папата Франциск, пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор се обратија претседателот во заминување Ѓорге Иванов и Неговата Светост.
Иванов пред присутните истакна дека како Македонец замолил папата да дојде во посета на Македонија и да ни помогне во духовната обнова на нашата татковина.
-Ваша Светост, Мојот мандат како претседател го завршувам со тоа што ве прелекувам вас во Република Макдонија. Морам да ви признаам, дека бев во големо искушение да го искористам вашето присуство и фокусот на светските медиуми и да зборувам сè најдобро за мојата држава и за мојот народ. Би можел да се осврнам на мисијата на Свети Апостол Павле во Македонија што го отвори патот на христијанството во Европа или пак за мисијата на Светите Кирил и Медотиј и на Светите Климент и Наум Охридски кои придинесоа за културно и духовно издигнување на словенските народи- рече Иванов.
Претседателот во заминување во обраќањето го истакна шест вековното мисно искуство со исламот што позитивно го оформи македонскиот модел на соживот и почитување на различноста.
-Да не заборавиме дека најпознатата ќерка на овој соживорт стана мајка на дваесетиот век, Света Мајка Тереза, затоа симболично како Македонец замолив да дојдете во Македонија и да ни помогнете во духовната обнова на нашата татковина. Иако сум православен христијанин, како претседател на секуларна држава јас ги претставувам сите граѓани независно од нивните верски и идеолошки уверувања и етничка и јазнична припадност, затоа ќе завршам со еден повик до сите мои сограѓани, до сите луѓе со чисти срца и добра волја независно дали припаѓаат на православната, католичката или протестанската гранка на христијанството, независно дали се муслимани, Евреи или атеисти. Ве повикувам да ја препознаете симбиликата на оваа посета и преку понизност и простување, помирување и сплотување преку одговороност и почитување да се вклучите во духовната обнова на Македноја пред да биде предоцна- рече Иванов во своето обраќање.
Претставниците на медиумите го проследија обраќањето на Неговата Светост Папата Франциск пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор на видео бим во дворот на палатата.