Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 5.09 часот, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 114 километри југозападно од Скопје и потекнува од Охридското епицентрално подрачје.
Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда МЛ од 3,4 степени, а беше почувствуван од населението во Охрид, Струга и околината со интензитет од три-четири степени според Европската макросеизмичка скала.