Оваа наша постапка е насочена исклучиво и единствено против одлуката на градските власти, истакна Горан Беговиќ претседател на Синдикатот на Клинички центар на денешниот штрајк против одлуката за покачување на цената на паркингот во Клиничкиот центар.
Тој наведе дека синдикатот ги повикува градските власти под итно да ја поништат одлуката.
-Не прифаќаме комуникација преку медиуми, туку преку дијалог.Сакаме веднаш со одлука и договор да ни се даде – истакна Беговиќ.
Тој нагласи дека одлуката ја сфаќаат како почеток на трошење на „тенкиот колач“, наречен планирано покачување од пет до 10 отсто на вработените во здравството во 2019 година.
-Го повикуваме министерот за здравство поради актуелната состојба веднаш да ја организира ветената средба со премиерот. Господо од власта ветивте двојно зголемување на платите на здравствените работници, а на докторите специјалисти дека ќе ги покачите најмалку до 100.000 денари. Свикавте прес-конференција за медиуми за покачување пет отсто без наше знаење и учество – потенцираше Беговиќ.
Наведе дека со таа постапка крајно ги понижиле. Рековме дека не се согласуваме и ги истакнавме нашите барања.
– Целата јавност во Македонија разбра дека докторите ги покачиле платите за десет отсто, а медицинските сестри и другите вработени во здравството за 2019 година ќе ги покачат платите за пет отсто. Во меѓувреме некои ги покачија своите плати за 35 отсто без никаква прес-конференција – нагласи претседателот на Синдикатот на здравствени работници.
Тој ги замоли властите да не ги повторуваат дежурствата, да најдат доктори и веднаш да организираат сменска работа.
-Претстанете да ги плашите вработените за здравството со проекти со ЈПП, престанете да ја заплашувате нашата администрација со реформи. Само со активно учество на синдикатот прифаќаме реформи во нашата администрација – заклучи Беговиќ.