Мигранстската криза сега нема зголемен интензитет, но споредено со 2017 година има зголемување на обиди за илегален влез во Република Македонија, изјави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Карактеристично во последните два месеца е тоа што обиди за илегален влез нема само од Грција кон Македонија, туку и од Србија кон Македонија. Тоа се должи на тоа што Република Србија има безвизен режим и со Иран, и нивни државјани доаѓаат до Србија и пробуваат да влезат на територија на Македонија за дојдат до Грција, рече Спасовски – одговарајќи на новинарско прашање по прес-конфренецијата на која беше соопштено дека МВР сузбила криминална група што криумчарела мигранти.
Министерот за внатрешни работи Спасовски рече дека благодарение на билатералната соработка со полициите од регионот, странските полициски службеници кои заедно со македонските полицајци се наоѓаат на границата, голем дел од тие обиди се спречени.
– Некаде околу 500 до 600 неделно откриваме кои се обидуваат да преминат иако постојат и криумчарски групи. Пред една недела имавме откривање на две криумчарски групи кои се веќе изведени пред лицето на правдата – рече Спасовски.