Претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата на која пратениците ќе го разгледуваат предлогот за избор на новите министри во Владата, ја закажа за в среда во 11 часот, соопштија од кабинетот на Џафери.
Предлогот беше официјално доставен до Собранието денеска, од страна на премиерот Зоран Заев.
Во предлогот стои дека Заев ќе биде министер за финансии. Исто така сменет е и министерот за локална самоуправа, Схејл Фазлиу, а на негово место седнува Горан Милевски. На местото пак на досегашниот министер за екологија, Садула Дураку, ќе дојде Насер Нуредини. Хусни Исмаили ќе биде новиот министер за култура, а Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Советникот на поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски, Трајан Димковски ќе биде новиот министер за земјоделие.