Коинциденција? Метафора? Скриена порака? Карма? Додека во Брисел се одвиваше самитот на лидерите на ЕУ, од кој се очекува да произлезат редица важни насоки за иднината на Унијата, но и одлука за доделување датум за преговори за Македонија, која и понатаму е неизвесна поради противењето на Франција, вчера пред седиштето на ЕУ во Скопје се одвиваше несекојдневен ургентен зафат. Имено, токму пред канцелариите на ЕУ дошло до затнување на одводната и канализациска мрежа, поради што екипи на „Водовод и канализација“ со две возила беа повикани да интервенираат. Набргу тука проблемот беше решен и затнувањето санирано. Ќе се одглави ли и во Брисел одлуката за датумот, останува да видиме