Синоќа во центарот на Прилеп се разлеа звукот на гајдата, тапанот…, се слушна изворната песна. Започна 47 издание на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. По 25 години од смртта на виртуозот на гајда, основоположникот на фестивалот Пеце Атанасовски, професорот Горанчо Ангелов засвири на неговата лична гајда. Рече дека му било чест да свири на неа и се чувствувал пресреќно.
Синоќа настапија дел од учесниците на фестивалот, кој го негува изворниот мелос. Вечерва програмата продолжува на Рудина во Долнени, од 19 часот, кога ќе бидат доделени и наградите, меѓу кои и Гајдата на Пеце.

Ка.М.