Премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање, најави дека утре ќе се одржи нова средба за иднината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тој очекува напредок и да биде постигнат договор со опозицијата.
-Утре ќе се одржи следната средба. Ме извести министерката дека се слушнала со лидерот на преговарчаката група од најголемата опозициска партија. Утре веќе ќе остварат средба- рече Заев. Тој кажа дека има надеж за договор за Законот за јавното обвинителство кој се однесува и на иднината на СЈО.
-Според мене има исчекор и надеж дека двете страни ќе постигnнат договор бидејќи броени се деновите до затворање на извештајот на ЕК- рече Заев.
Последниот предлог на Министерството за правда предвидуваше државниот јавен обвинител заедно со уште двајца обвинители од ЈОРСМ да одлучуваат за иднината на истрагите, дали да ги води СЈО или Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија.
Според предложениот закон, бомбите заминуваат во историјата, а неизвесна е иднината на отворените истраги за функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.