Суштинско прашање за Законот за јавното обвинителство не е постапувањето по предметите на СЈО по 30 јуни 2017 година, туку дали „бомбите“ ќе се користат како доказ или не, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Премиерот вели дека кривично дело за коешто постојат индиции и аргументи дека било сторено не може да не се гони, бидејќи насекаде во светoт е така.
– Ако не го гони СЈО, ќе го гони друго обвинителство. Надлежен орган за тоа е јавнообвинителскиот систем во државата и тука нема дали Заев, Мицкоски, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ нешто сакаат или не сакаат – рече Заев.