Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска престојува во посета на земјава по повод заедничкото одбележување на двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Скопје и Софија.
Борисов, придружуван од вицепремиерката Екатерина Захариева, пристигна во Скопје во предвечерјето на Илинден и беше пречекан со највисоки државни почести.
– Добредојде за мојот пријател и колега, Бојко Борисов во Влада на Република Северна Македонија. Чест ми што денес на двегодишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со пријателска Република Бугарија, тука во Скопје разговараме за заедничките постигнувања досега, за тековните проекти кои нѐ поврзуваат и за идеите за заедничката европска иднина – порача премиерот Зоран Заев.