Убеден сум дека евентуалното решение за името ќе биде прифатливо за сите етнички заедници. Не се сто отсто сите консултирани, не сум имал консултации со сите сто отсто, но ако се изнајде решение тоа ќе биде прифатливо за сите етнички заедници, рече попладнево премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратеничко прашање.
Сакаме членство во ЕУ и НАТО, нагласи Заев, но не не по секоја цена. Многу се важни сите детали на преговарачкиот процес, без притоа да се преминат црвените линии – да успееме во нашите две страгиски цели: да добиеме поокана за НАТО и датум за преговори со ЕУ.
– Со решение за името тоа ќе биде многу извесно. Ако имаме решение за името, нема друга пречка за да добиеме покана за НАТО. Затоа се трудам да бидам внимателен, да информирам секогаш кога тоа е возможно, да споделам информации и за помалите опозициски партии независно од кој етнички блок се. Стојам на располагање да споделам информации зашто искрено верувам дека за вакви прашања треба да градиме национален консензус, напомена премиерот.
Според него, ДУИ се целосно информиани за текот на разговорите, а и во СДСМ има многу Албанции кои се исто така креатори на политиките со оглед дека се дел од пратеничкиот состав.
– Внимавам на сите етнички заедници, и јас и министерот Никола Димитров за евентуалниот договор што би бил постигнат со Грција да биде прифатлив за сите етнички заедници. Споделуваме една татковина, сите сме родени тука и тука живееме, посочи Заев.
Премиерот апелира на внимателност во изјавите зашто, како што потенцира, во прашање е иднината на Македонија која е закочена долги години.
– Уверен сум дека сите можеме да дадеме многу важен прилог во исчекорот на изнаоѓање на решенијата што истовремено значи конечен испекор и отстранување на сите неправди што нашата земја ги трпи во аспирациите во НАТО и членството во ЕУ- нагласи премиерот Зоран Заев.