Пописот ќе се одржи во април 2021 по сите правила на Еуростат, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи, преку видеоснимка на која дава изјава токму околу ова прашање.
– Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа – објаснува Заев во изјавата.
Како што вели тој, пописот и резултатите, никако нема да влијаат на Уставот и на рамковниот договор.
– Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките коишто ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот – нагласува македонскиот премиер.