За телефонскиот разговор извести кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев, посочувајќи дека тој бил на иницијатива на Зоран Заев или како што се наведува, „разговорот го иницираше премиерот на нашиот југозападен сосед“.
Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Македонија, заклучиле денеска во телефонски разговор бугарскиот претседател, Радев, и македонскиот премиер, Зоран Заев.
Радев и Заев, како што се соопшува разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу Бугарија и Македонија, „за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изразуваат како Бугари кај нашиот југозападен сосед“, како и за европската перспектива.