Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во парламентот повика на одговорност од сите политички субјекти и поддршка на претстојниот попис.
– Апелирам на одговорност од сите, оваа работа треба да ја завршиме сите. Оној што ќе апелира за седење дома или тајно ќе работи во таа насока, прави атака врз својот народ и својата етичка заедница – оцени Заев.
Тој рече дека не е патриотски да се бојкотира, туку пописот е патриотски чин бидејќи во графите за попис стои Македонци, а добиваат можност да се попишат и Албанците, Турците, Бошњаците, Србите, Ромите и ги повика сите да излезат да се попишат.
– Патриотски е и сите политички фактори, од која било партија и етничка определба, најгласно што може, да испратат порака за поддршка на пописот,ж како сопствен највисок чин на одговорност и придонес кон оваа исклучително важна државна статистичка операција. Ако велиме дека е најважно граѓаните на Северна Македонија да се попишуваат, очекуваме пораката за задолжително учество во пописот да ја испратат и сите домашни политичари – вклучително и политичарите од домашната опозиција. Тоа е должност кон семејството, заедницата, државата. Каде ни е одговорноста кон татковината?! – порача премиерот.
Тој објасни дека пописот е многу важен бидејќи државата со години ги нема точните податоци врз основа на кои ќе се креираат социјални политики, пензиска политика, раст и развој на земјата, инвестициите…