Премиерот Зоран Заев од Битола, каде присуствува на прославата по повод добивањето покана за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО, порача дека Македонија има причина да слави.
Тој смета дека тоа што го направи Македонија за само една година е успех за сите без разлика на политичката определба.
– Имаме зошто да славиме и да се издигнеме над делбите. Сега како никогаш досега да си подадеме рака. Сакам да ги повикам сите граѓани и да им порачам денеска силите што не делат не се толку силни како силите што не обединуваат. Силите што не обединуваат се датумот за преговори со ЕУ и поканата за членство во НАТО. Тоа се силите што ни ја отворија иднината. Дочекавме големи настани. Ги остваруваме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички сонови и надежи – истакна Заев.
Повикувајќи ги граѓаните сами да си одговорат на прашањето каде бевме пред една година, каде сме денеска рече Македонија е слободна земја, секој граѓанин самостојно одлучува и ќе одлучува за својот став.